Connect with us

Тајмаут

Само еден играч од Реал Мадрид не му се заблагодари на Зидан

Сите, откако Зинедин Зидан објави дека заминува, одлучија да му се заблагодарат и да му испратат порака за збогување. Добро, не баш сите.

Само Серхио Рамос разговараше со Зидан пред да ја донесе конечна одлука, така што шпанскиот репрезентативец едвај ги увери соиграчите дека Зизу мора да замине.

И сите на социјалните мрежи оставија проштална порака или благодарност до Зидан, само еден играч целосно го игнорираше.

За кого станува збор? Се разбира, за Герет Бејл. За двојниот стрелец во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. Можеби Велшанец едноставно заборавил да се огласи на Твитер, а можеби тоа е поради тоа што не го цени легендарниот Французин, бидејќи не му дал многу да игра оваа сезона.

Интересно е што Зидан во Мадрид, во само две и пол години донесе само три играчи, а тоа се Тео Хернандез, Дани Кебалос и Алварао Мората.

Заминувањето на Зидан би можело да значи и крај на една ера на Реал Мадрид, бидејќи можно е да си оди и Роналдо, Бејл и многу други, а се уште не е познато кој сега ќе седне на клупата на „Кралевите“, иако има голем број на кандидати.