Connect with us

Тајмаут

Само еден играч знаеше дека Зидан заминува од Реал Мадрид

Францускиот стратег Зинедин Зидан пред неколку дена ги шокираше навивачите на Реал Мадрид со одлуката да го напушти клубот по третата последователна титула на Лигата на шампионите.

Зидан одлучи дека најдобро за него е да ги напушти „Кралевите“, бидејќи повеќе не чувствуваше дека толку многу му е потребен на тимот. Францускиот стручњак, за помалку од три години направи големо чудо на клупата на овој клуб, освојувајќи ја Лигата на шампионите три пати по ред. Сепак, на самиот врв, Зидан одлучи да ја напушти клупата на „Кралевите“.

Шпанските медиуми објавија дека Серхио Рамос бил единствениот фудбалер кој ја знаел одлуката на Зидан и се обидел да го убеди да се премисли. Сепак, Зидан цврсто одлучи да го напушти кралскиот клуб, и на крајот, тој испрати осетлива порака преку „Whatsapp“ до играчите на клубот.

„Ви благодариме за сè. Без вашата поддршка во најтешките моменти, ништо од ова немаше да постигнеме. Еден ден ќе се сретнеме повторно“, порача Зидан, кој доби одговор од сите играчи освен од Герет Бејл.