Connect with us

Други спортови

Само на Ролан Гарос ќе се играат маратонски натпревари

Првиот грен слем турнир Австралија Опен тргна по стапките на Вимблдон и од следното издание воведува тај-брејк. Во решавачкиот трет или петти сет, на 6:6 ќе се игра тај-брејк, по правилото, прв до 10 поени. На Вимблон од следната година, тај-брејк, прв до седум поени  ќе има во решавачкиот сет на 12:12.

На САД Опен, грен-слемот кој прв го воведе правилот за тај-брејк, овој начин на одредување на победникот се применува при 6:6 во завршниот сет, што значи дека секој од турнирите ќе користи различен формат.

Со ова Ролан Гарос останува единствениот грен слем турнир на кој ќе бидат играни бесконечно долги решавачки сетови.

Директорот на Австралија Опен, Грег Тили изјави дека одлуката била донесена откако биле спроведени најдолгите и најопсежните консултации во историјата на турнирот. Тој објасни дека за мислење биле прашани играчите, поранешни и активни, коментаторите, телевизиските аналитичари како и агентите. Врз основа на тоа била донесено конечното решение.