Фудбал
Само позајмица на Мората
Каталонскиот гигант Барселона е последниот клуб кој се поврзува со името на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Алваро Мората.
Брзоногиот напаѓач не е задоволен од престојот во Лондон, а и раководните лица на „сините“ немаат ништо против доколку поранешниот фудбалер на Реал (М) и Јувентус, си замине за време на зимскиот преоден рок.
Близок извор од таборот на Барса брифира дека актуелниот шампион на Шпанија сериозно ја разгледува опцијата за 6-месечна позајмица на шпанскиот интернационалец.