Connect with us

Фудбал

Само во Италија: На сред сезона испаѓа клуб од Серија А

Серија А е секако една од најдобрите фудбалски лиги во светот, но отсекогаш била симбол за скандали.

Скандалот Тотонеро се случи на почетокот на 1980-тите. Потоа, неколку клубови, вклучувајќи ги Милан и Лацио, беа исфрлени во Серија Б поради местење натпревари.

Интер на почетокот на овој век беше вмешан во случајот со фалсификување пасоши на странци. Најзвучно име секако беше Алваро Рекоба, но „нероаѕурите“ се извлекоа со парична казна, додека Уругваецот доби четири месеци забрана за играње фудбал. Пасошот му бил фалсификуван и на Хуан Себастијан Верона, кој тогаш настапувал за Лацио.

Помладите генерации се уште го паметат славното Калчополи од 2006 година, кога Јувентус мораше да влезе во Серија Б, додека Милан, Лацио, Фиорентина и уште некои клубови беа „помилувани“ и останаа во друштво на најдобрите.

По 15 години, Апенините ги тресе нов скандал, а многу извесно е дека Селернитана ќе биде исфрлена од Серија А сред сезона.

Во Салерно 20 години чекаа на промоција и кога конечно ја дочекаа Серија А,би можеле да одат на зелената маса.

Во моментов нема конкретни понуди за промена на сопственоста, но управителите на клубот Мелиор Траст и Вајлдер Трус не успеаја да го завршат трансферот на акциите на нови купувачи.

За ситуацијата да биде уште полоша, нема позначајни преговори во тек за да може да се добие дополнителен рок од 45 дена за комплетирање на продадениот договор.

Додека во Серија Б сопственик на Салернитана беше Клаудио Лотито, човекот кој ги држи и Лацио, клуб без кој се чини дека не може да помине ниту еден скандал во Италија. Според правилата, не е дозволено исто лице да биде сопственик на клубот.

Во текот на летото во Салернитана успеаја да најдат преодно решение, добија лиценца да се натпреваруваат во Серија А, но досега работите не се помрднати од мртва точка по тоа прашање.

Крајниот рок за Салернитана да го реши сопственичкото прашање е 31 декември. Доколку тоа не се случи, таа ќе испадне од Серија А каде моментно е закована на дното на табелата со само осум бода на 17 натпревари.