Connect with us

Фудбал

Сампаоли: Тудор имаше еден од најдобрите играчи во лигата. Не му веруваше

Сампаоли (63) беше претставен како нов тренер на бразилски Фламенго. На воведната прес-конференција тој зборуваше за својот тим, а го пречека играчот од средниот ред Жерсон, со кого веќе раководеше во Марсеј. Жерсон зимава се врати во Фламенго откако го загуби местото во тимот на францускиот клуб под водство на Игор Тудор, а наводно имало бројни несогласувања меѓу него и хрватскиот стручњак. На оваа ситуација се осврна и Сампаоли.

„Жерсон беше феноменален во Марсеј. Му требаше некое време да се прилагоди, но кога успеа беше еден од најдобрите играчи во лигата. Тогаш во клубот пристигна друг тренер кој не му веруваше, иако беше во врвна форма“, рече Сампаоли и продолжи:

“Жерсон многу страдаше во тој период, играше малку. Кога се врати во Бразил, не беше неговото старо јас. Моментално не е најдоброто, но кој може да ги оспори неговите способности? Не се сомневам дека тој ќе се врати во старата форма“.