Фудбал
Самуел Ето загрижен дека Барселона нема да се квалификува за Лигата на шампионите: „Патам кога ја гледам како игра“
Барселона одамна не е она што беше, а нејзиниот поранешен напаѓач Самуел Ето е свесен за тоа.
Камерунецот е голем навивач на Барселона чиј дрес некогаш го носеше со многу успеси, но признава дека денес пати додека ги гледа неубедливите натпревари на Каталонците.
Барса е во катастрофална форма, а Ето е загрижен дека клубот нема да може да се пласира ниту во групната фаза од Лигата на шампионите, што би било еднакво на катастрофа.
„Патам многу во последно време кога ги гледам натпреварите на Барселона. Мислам дека е многу тешко за сите нас навивачите на Барселона да ги следат актуелните случувања. Тешко би било да се помириме со тимот што не ја освои Лигата на шампионите. Навистина се надевам дека ќе успеат на крајот“, рече 40-годишниот Ето пред да се осврне на претстојното дерби против Реал Мадрид.
„Барселона ја започна сезоната многу лошо, а дербито против Реал Мадрид секогаш се многу напорни натпревари. Тоа е единствен натпревар и играчите би можеле да го искористат тоа и да се обидат да ја сменат моменталната слика. Победата над Реал вреди повеќе од три бода. Сите што играле на Ел Класико знаат дека тоа е најспектакуларната и најпрекрасната игра на светот. Играв финале во Лигата на шампионите, но Ел Класико е приказна за себе. Ниту еден друг натпревар не е близу до дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид“.
Играше за Барселона помеѓу 2004 и 2009 година и постигна дури 130 голови со 40 асистенции на 199 натпревари. Покрај Барселона, Ето има играно и за Реал Мадрид, Челзи, Евертон, Интер, Анжи и некои други клубови во Европа.