Фудбал
Санчез доби американска виза и ќе му се придружи на Манчестер јунајтед во САД
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, доби американска виза и ќе му се придружи на клубот на турнејата во САД.
Претходно англиските медиуми објавија дека Санчез, кој е чилеански државјанин, не добил виза бидејќи е осуден на условна затворска казна од 16 месеци заради затајување на данок во Шпанија.
Тој е осуден за затајување на данок во висина од 983.000 евра во периодот од 2012 до 2013 година, а според шпанските закони казните пониски од две години можат да се преиначат во условни и осуденото лице да не оди во затвор.
Манчестер јунајтед викендов отпатува за САД, а од англискиот клуб потврдија дека Санчез наскоро ќе им се придружи.