Фудбал
Санчез вчера влезе од клупата и асистираше, Интер реши да го задржи
Алексис Санчез се поврза со Рома и се смета дека ќе биде замена за Един Џеко.
Интер и Рома во последните денови се обидуваа да разменуваат играчи, но досега немаше ништо од тоа. Чилеанецот се уште е во Интер, а вчера против Беневенто влезе од клупата и дури асистираше.
Задоволен од него е и Кристијан Стелини, кој го предводеше тимот на Интер наместо суспендираниот Антонио Конте.
„Јас навистина не се занимавам со трансферите и пазарот, така што не можам да се мешам во тоа. Сè што можам да кажам е дека сме многу задоволни со Алексис, како и со сите наши играчи. Секој е вклучен во потрагата по нашите цели и сето тоа зависи од нивниот однос кон работата, и тој засега е фантастичен“, рече Стелини.
Стелини исто така го пофали Кристијан Ериксен, кој неодамна излезе од клупата и му пресуде на Милан во Купот, а вчера играше од првата минута против Беневенто.
„Навистина ми се допадна неговиот настап вечерва, бидејќи тој многу добро се прилагодува на оваа нова улога. Потребна е голема тактичка интелигенција, тој работи напорно цела недела и максимално ги искористува можностите што му се укажуваат“.