Фудбал
Санчо: Медиумите секогаш се обидуваат да измислат приказна
Дортмунд, 6 септември 2020 (МИА) – Крилото на Борусија Дортмунд, Џејден Санчо призна дека воопшто не размислува за трансфер во Манчестер Јунајтед.
За Англичанецот се вели дека е ново засилување за „црвените ѓаволи“, но тие не ги задоволија финансиските побарувања на Германците и договорот пропадна.
– Медиумите секогаш се обидуваат да направат приказна, но тоа е нормално. Јас сум целосно фокусиран на фудбалот. Сакам да дадам се од себе за мојот тим и да се борам заедно за трофеи. Уништен сум кога играм слаб натпревар. Се чувствувам многу лошо. Затоа секогаш сакам да играм добро и да им покажувам на луѓето што можам. Не можам да издржам кога играм лошо. И сакам да покажам што можам на следниот натпревар, изјави Англичанецот за „Спорт Бајбл“.