Connect with us

Фудбал

Санчо полесно повреден на тренингот на репрезентацијата

Ден пред првиот натпревар на репрезентацијата на Англија за време на паузата во септември, Џејдон Санчо заработи мала повреда на тренинг.

Англија во четврток ќе игра против Унгарија во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство како гостин во обид да го забележи четвртиот триумф, а проблем за Герет Саутгејт може да биде повредата на Џејдон Санчо.

Саутгејт потврди дека Санчо се здобил со повреда на тренинг, но не ја исклучи можноста фудбалерот на Манчестер Јунајтед сепак да биде на располагање за натпреварот со Унгарија. За ова ќе се одлучи по детални прегледи.

„Санчо претрпе мала повреда на утринскиот тренинг, прегледите ќе покажат за што станува збор. Се друго е во ред пред утрешниот натпревар“ , рече Саутгејт на прес -конференцијата .

По дуелот со Унгарија, Англија ќе има два натпревари со Андора, прво во Англија на 5 септември, а потоа и на гости четири дена подоцна.