Connect with us

Фудбал

Сантош: Македонија знае како да игра, но ова беше заслужена победа

Португалија ја совлада Македонија и се избори за место на СП во Катар.

По натпреварот, селекторот на Португалија ја пофали Македонија и истакна дека Португалија заслужено оди на Мундијалот.

„Веќе имам освоено две натпреварувања но сонувам и за трето. Сакам да им честитам на фудбалерите за фантастичниот однос“, вели Сантош.

„Во првите десетина минути не можевме да се пронајдеме, реков дека овој македонски тим знае како да игра. Но ние си помагавме еден со друг и имавме поддршка од фановите“.

„Ова беше заслужена победа. Создадовме шанси за гол и не можам да се сетам дека тие имаа некоја добра шанса. Ние сме на Светско првенство, ја остваривме целта“.