Connect with us

Фудбал

Сари е комунист, кој гледа зло во парите

Актуелниот менаџер на Челзи, Маурицио Сари, најдобрите моменти од својата кариера ги помина како предводник на калчолигашот Наполи. На “Сан Паоло” пристигна во 2015 година и во градот на Марадона ја започна својата ренесанса. Наполи не ја освои шампионската титула, а Јувентус секогаш беше чекор напред, но неговата работа не остана незапаметена. Во 2016 година Сари ја доби наградата за најдобар тренер во Серија А.

Сари посака промена и за време на летниот преоден рок ја прифати понудата на лондонскиот премиерлигаш, а неговото место го пополни Карло Анчелоти.

Во последното интервју кое го даде за “Кориере дело Меѕаџорно”, контроверзниот сопственик на “азурите”, Аурелио де Лаурентис, изјави дека Сари е комунистички настроен и секогаш ја избегнувал темата за пари.

  • Сите беа против него. Кога го ангажирав, по градот беа лепени плакати против мојата одлука. Потоа го засакаа, дури и тие кои најмногу го плукаа. Сари е индивидуалец, човек кој постојано работи, како што работеа на полињата, сред камењарникот. Патеше затоа што доби отказ после шест натпревари. Кога загубивме со 4:2 од Емполи, јас бев убеден дека е вистински избор за тренерското столче. Сари остава чувство дека е “блага” личност. Во минатото работел во финансии. Сари е комунист кој во парите гледа зло. Кога го прашав кој фудбалер да го купиме, ми одговори дека не сака ништо да знае на таа тема, изјави Де Лаурентис.