Connect with us

Фудбал

Сари има голем проблем со пушењето, а Челзи сака да му помогне

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, се најде во центарот на вниманието откако на натпреварот против Хедерсфилд џвакаше цигари.

Познато е дека во Англија е забрането пушење на клупата за резервни играчи, а тоа претставува голем проблем за Сари. Италијанскиот стручњак е страстен пушач, а тоа го покажа и за викендот кога најде решение да ги смири живците, па џвакаше цигари.

Како што пишуваат англиските медиуми, во Челзи сакаат да го решат овој проблем со Сари во текот на натпреварите на „Стемфорд Бриџ“. Наводно, Челзи ќе обезбеди простор во кој Сари ќе може да консумира цигари додека трае натпреварот, а притоа да не ги прекрши правилата.

Тоа сигурно многу ќе значи за италијанскиот стручњак кој пуши дури и по 80 цигари дневно. Сепак, натпреварите во гости ќе останат проблем за него кога станува збор за консумирање на цигари, па ќе биде приморан да се врати на претходниот метот, на џвакањето.