Connect with us

Фудбал

Сари лобира за Переира

Аргентинскиот интернационалец од редовите на Ватфорд, Роберто Переира, е најновата желба на менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Маурицио Сари.

Италијанскиот стручњак е во потрага по играч кој може да биде достојна замена на шпанскиот интернационалец Алваро Мората кој постојано е критикуван поради очајната ефикасност.

Англиските медиуми открија дека поранешниот фудбалер на Удинезе е проценет на 30 мил. фунти, но и дека сериозен интерес за неговите услуги покажале и раководните лица на италијанскиот калчолигаш Наполи.