Connect with us

Фудбал

Сари призна кој му фали во Челзи: Ние двајцата многу добро се разбираме

Тренерот на Челзи Маурицио Сари призна дека му недостига напаѓачот со кој своевремено многу успешно соработуваше.

Станува збор за сегашниот напаѓач на Милан Гонзало Игуаин кој своевремено успешно соработуваше со Маурицио Сари во Наполи.

Игуаин во тоа време беше прв стрелец во Серија А, па затоа и не е случајно што италијанскиот стратег и се обиде да го донесе Аргентинецот во редовите на Челзи.

Сепак, во тоа не успеа, а во разговор за „Corriere dello Sport“ изјави дека Игуаин му недостига.

„Што и да кажам по тоа прашање погрешно ќе биде разбрано… Се што можам да кажам е дека Гонзало прерано го напушти Наполи. Да останеше уште една сезона во Наполи, мислам дека ќе бевме шампиони. Игуаин беше составен дел од механизмот кој го креиравме. Ние двајцата многу добро се разбираме. Игуаин и тоа како ми недостасува. Ми недостасува затоа што тој ќе продолжи да постигнува голови додека е жив. Тој е гол машина, автоматски џекпот“ рече Сари.