Connect with us

Фудбал

Сари секогаш наоѓа замерка: Оние 15 минути бевме катастрофа

Челзи на вчерашното дерби со 3:2 го совлада Арсенал и така дојде до максимални шест бода  во првите две кола од новата сезона во Премиер лигата.

Челзи одигра добар натпревар, дојде до нова победа со Сари на клупата, додека Арсенал се уште чека бодови, а Унаи Емери е уште повеќе критикуван.

„Во овој период не ни е лесно да освојуваме бодови. Затоа трите бода беа важна цел за нас. Бевме навистина добри 75 минути, но 15 минути бевме ужасни“, рече Сари по натпреварот.

„Не можевме да ги покриеме загубените топки и да играме пресинг како тим, така да навистина бевме во проблеми, но играчите се покажаа добри, затоа што на 2:2 не е лесно да се игра со Арсенал. Ментална сила покажавме во продолжението“, додаде Италијанецот.

Поранешниот тренер на Наполи има сериозни намери и на „Островот“, а неговиот тим во наредното коло му гостува на Њукасел, кој одигра 0:0 со Кардиф.