Connect with us

Фудбал

Сари со една изјава ги расчисти дилемите околу Азар

Новиот менаџер на Челзи Маурицио Сари ги отстрани дилемите околу тоа дали Азар ќе остане на „Стемфорд Бриџ“.

Добро е познат фактот дека белгискиот фудбалер е голема желба на Реал Мадрид, кој има уште малку време за да го доведе во своите редови, меѓутоа од трансферот изгледа нема да биде ништо.

Сари неколкупати разговараше со Азар, а исходот е позитивен.

„Не гледам проблем во овој момент. Ние двајца во последните два дена разговаравме два или три пати и можам да кажам дека со него нема никакви проблеми“, јасно кажа стратегот на „плавите“.

Англиските медиуми пишуваат дека Челзи веќе му подготвил на Азар двогодишен договор, со кој седмично ќе заработува 300.000 фунти.