Connect with us

Фудбал

Сари со лаптоп ја докажа грешката на Оливер

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Маурицио Сари, смета дека главниот арбитер Мајкл Оливер, направил катастрофална грешка во полуфиналниот натпревар од Лига купот против Тотенхем при користењето на системот ВАР.

Италијанскиот стручњак пред новинарите донесе лаптоп со видеоснимка за да докаже дека Тотенхем неправедно добил пенал.

По недосудениот офсајд, голманот на Челзи, Кепа, стартуваше врз Кејн во казнениот простор и Оливер досуди удар од белата точка. Репрезентативецот на Англија успешно го изведе пенал-ударот.

  • Го гледав видеото од нашата камера. Имаше офсајд. Нашата камера беше во линија со Кејн. Убаво се гледа дека во офсајд беше неговата глава и колено, изјави Сари.

Првиот полуфинален дуел заврши со минимален триумф на “петлите” од 1:0, а реванш дуелот на “Стемфорд Бриџ” ќе биде одигран на 24 јануари.