Connect with us

Фудбал

Сасуоло го шокираше Милан на „Сан Сиро“ и го донесе Интер на чекор до Скудетото

Фудбалерите на Милан ги разочараа своите навивачи вечерва затоа што беа поразени на „Сан Сиро“ од Сасуоло со 2:1 во натпреварот од 32. коло во Серија А.

„Росоњерите“ беа ослабени вечерва бидејќи беа без Златан Ибрахимовиќ, но тоа не е изговор за неочекуван пораз. Со овој пораз, Милан се чини дека му го предаде Скудетото на градскиот ривал Интер.

Домашните успеаја да поведат со 1:0 во 30. минута кога фантастичен погодок постигна Хакан Чалханоглу и тогаш се чинеше дека ќе успеат да освојат три бода.

Сепак, Сасуоло успеа да ги шокира Росоњерите во продолжението од мечот. Гостите направија пресврт во финишот на мечот за само седум минути и успеаја да дојдат до целосниот плен.

Сасуоло успеа да изедначи на 1:1 во 76. минута кога Распадори го совлада Донарума. Но, само седум минути подоцна нов студен туш на „Сан Сиро“.

По добра акција, гостите успеаја да дојдат до целосен пресврт. Берарди беше асистент, а Распадори го постигна неговиот втор гол на натпреварот за големи три поени на Сасуоло.

Многумина веруваат дека овој пораз од Милан го реши прашањето за шампиони во Италија. Интер има девет бода повеќе, но и натпревар помалку од второпласираниот Милан, и само чудо може да ги спречи да бидат шампиони на крајот.

Со оваа победа Сасуоло е сè уште осми со 49 бода и има шанса да се вклучи во борбата за Европа.