Connect with us

Фудбал

Саудијците носат нова ѕвезда на Кристијанo Роналдо: Играа заедно во Манчестер, по освојувањето на трофејот оди во Ал Наср!

Прво дојдоа Андерсон Талиска и Давид Оспина, потоа во Ал Наср започна лавина пристигнувања на најголемите светски ѕвезди во Саудиска Арабија кога во тимот пристигна Кристијано Роналдо, а летово се засили со Марсело Брозовиќ. Тоа не е крајот! Ал Наср сега се договори со Манчестер Јунајтед околу трансферот на Алекс Телес. Поранешниот играч на Интер, Галатасарај и Порто минатата година беше испратен на позајмица во Севиља каде ја освои Лигата на Европа, а сега ќе игра во Арабија.

Досега во кариерата има освоено титули во Турција и Португалија, ја освои и Лигата на Европа, а играше и во финалето на ова натпреварување со Манчестер Јунајтед.