Connect with us

Фудбал

Саутгејт: Добро е што играме далеку од дома

Герет Саутгејт, селекторот на Англија, смета дека е добра работа за неговата репрезентација што натпреварот од четвртфиналето на Европското првенство се игра далеку од дома.

Дуелот е закажан во Рим за днеска во 21 часот. Досега, Англија ги одигра сите свои натпревари од групната фаза, како и осминафиналето со Германија, на „Вембли“.

„Одлично ни е да го напуштиме Лондон сега. Би било тешко да не подлегнеме на еуфоријата што владее во Англија по нашата победа над Германија. Отидовме во Рим, во една сосема поинаква средина. Можеме целосно да се фокусираме на дуелот со Украина, што ќе биде многу тешко“, истакна Саутгејт.

Селекторот на Англија вели дека најсилната екипа ќе излезе на теренот и дека не размислува кој би можел да го пропушти полуфиналето поради можни жолти картони.

„Далеку сме од полуфиналето. Не треба да се заборави дека Англија стигнала до оваа фаза во историјата само три пати. Украина е сериозен тим и нема простор за какви било пресметки“ , рече Саутгејт.