Фудбал
Саутгејт пред финалето откри која песна не ја слушал 25 години: „Премногу е болно …“
Големото финале на Европското првенство се игра утре на Вембли, а ќе се сретнат Италија и Англија.
Љубителите на фудбалот можеа да уживаат во фантастичните натпревари на Европското првенство, но за жал утре паѓа завесата на ова натпреварување со судирот помеѓу Италија и Англија во финалето.
Финалето на Европското првенство се игра на Вембли во Лондон, што секако е предност за Англичаните кои играат на домашен терен. Но, сигурно е дека Италијанците ќе имаат поддршка од своите навивачи, како што беше случај во полуфиналето против Шпанија.
Натпреварот се игра од 21 часот, а во Англија владее голема еуфорија затоа што нивната репрезентација конечно успеа да се пласира во финалето, а тие се на чекор до тронот на Европа.
Вечерва на Вембли се одржа прес-конференција на англискиот тим, а Герет Саутгејт им се обрати на многу новинари. Селекторот на Англија првично изјави дека добиле големо изненадување денес.
„Добивме писмо од кралицата и премиерот што е навистина фантастично. Среќен сум што ги препознаа нашите напори и сето она што го постигнавме. Беше возбудливо да го прочитаме писмото што ни го испрати кралицата Елизабета Втора“, рече Саутгејт , а потоа се осврна на мечот.
„Ние сме во финалето и сакаме да го освоиме Европското првенство и конечно трофејот да дојде во Англија. Се подготвуваме како и за секој друг нокаут натпревар што го имавме. Сите чекаме на почетокот на натпреварот“.
„Успеавме да минеме низ многу предизвици во изминатите четири години и оевме чекор по чекор. Сите знаеме колку долго чекаше ваков натпревар во Англија и се надеваме дека сите ќе славиме утре“.
Саутгејт упати апел и до навивачите на Англија да не свиркаат на интонирањето на химната на Италија, како што беше случајот на натпреварот против Данска.
„Се согласувам дека е важно нашите навивачи да го почитуваат противникот. Кога играме некаде надвор и навивачите ни свиркаат, тоа уште повеќе не мотивира и не верувам дека може да ни помогне утре. Можете да свиркате за време на натпреварот, но мора да имаме поголема почит кога ја пееме химната“.
Саутгејт призна дека не ја слушал песната „Фудбалот доаѓа дома“ 25 години, од Европското првенство во 1996 година, кога беше трагичар на неговата репрезентација. Тој промаши пенал во полуфиналето против Германија што предизвика англичани да испаднат.
Оваа песна е повторно многу актуелна за време на ова Европско првенство, а тоа го коментираше и селекторот на Англија.
„Не ја слушав таа песна веќе 15 години затоа што е премногу е болна за мене. Атмосферата е навистина одлична и ние со години се подготвувавме за ова. Верувам многу во овие момци кои уште повеќе се зближија за време на турнирот. Мора да имаме одлична игра и ќе видиме што ќе се случи. Италијанците се одличен противник, тактички се многу добри и имаат навистина неверојатна серија без пораз“.