Фудбал
Саутгејт: Зошто да се менуваме кога го контролиравме натпреварот
Со ремито против Полска во Варшава, Англија ја прекина совршената серија во тековниот тек на квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.
Екипата на Герет Саутгејт поведе со голот на Хари Кејн во 72. минута, но бодот кај борбените домаќини го донесе резервниот играч Шимански со гол во втората минута од продолжението. Саутгејт беше разочаран од голот во финишот на натпреварот.
„Ја имавме победата во наши раце. Се разбира, не е лесно кога ќе останете без три вакви поени, но морам да ја погледнам пошироката слика. Направивме одлична работа во оваа репрезентативна акција. Постигнавме седум поени и се доближивме до одење во Катар. Нема сомнение дека ова беше најтешката посета“, истакна Саутгејт.
Најголем број приговори беа испратени на сметката на селекторот бидејќи тој не направи промени во текот на целиот натпревар. И Саутгејт го имаше одговорот на тоа.
„Одигравме многу добро, целосно ги контролиравме случувањата на теренот. Зошто би го нарушил она што функционира. Промените заради промени, тие немаат никаква смисла“ , рече Саутгејт.
Англија ја предводи групата И со 16 бода. Потоа следуваат Албанија со 12, Полска со 11 и Унгарија со 10 бода.