Фудбал
Се бара купец за Перишиќ
Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ја прекинат соработката со хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ.
Предводникот на “нероазурите”, Лучијано Спалети, не е импресиониран од игрите кои ги прикажува крилниот напаѓач во Серија А и Лигата на шампиони и поради таквата ситуација веќе дал зелено светло за продажба на поранешниот фудбалер на Борусија од Дортмунд.
Репрезентативецот на Хрватска ќе биде продаден во јануари само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 40 мил. евра.