Connect with us

Фудбал

Се бара купец за Перишиќ

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер се подготвени да ги разгледаат сите понуди кои се наменети за хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ.

Крилниот напаѓач не игра во посакуваната форма веќе неколку месеци и се погласни се шпекулациите дека ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Челниците на “нероазурите” ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда за Перишиќ не биде помала од 40 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажа англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.