Фудбал
Се бара замена за Холдинг
Лондонскиот премиерлигаш Арсенал планира да ангажира нов дефанзивец за време на зимскиот преоден рок, а на радарот е капитенот на Челзи, Гери Кејхил и Ерик Баили од Манчестер Јунајтед. Идејата е новото засилување трајно да го замени повредениот Роб Холдинг, кој најверојатно нема да настапува до крајот на сезоната.
Унаи Емери ги следи Баили и Кејхил затоа што сезонава тие ретко влегуваат во игра за своите тимови. Покрај тоа, договорот на Кејхил со „сините“ завршува на крајот од актуелната сезона. Роб Холдинг се повреди на натпреварот од 15. коло против Манчестер Јунајтед (2:2).