Connect with us

Фудбал

Се чека одлуката која ќе ја промени Премиер лигата

Челниците во Англискиот фудбалски сојуз (ФА) се подготвуваат за ситуацијата која ќе настане откако Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија.

Велика Британија, откако нејзините жители на референдумот во 2016 година се изјаснија дека не сакаат повеќе да бидат дел од ЕУ, ги започна преговорите за напуштање на ЕУ.

Голема промена би требало да доживее и англиската Премиер лига, во која клубовите ќе имаат право да имаат најмногу 12 странски фудбалери, а не како сега вкупно 17. Сепак, како странци ќе бидат третирани и играчите кои пристигнуваат од земјите кои се дел од ЕУ. Моментално, дури 13 клуба имаат повеќе од 12 странски фудбалери, а помеѓу нив се и клубовите кои секоја година се борат за шампионската титула.

Раководните лица во ФА сакаат излезот на Велика Британија од ЕУ да го искористат за зголемување на бројот на англиски фудбалери во најквалитетните клубови и на тој начин да ја освежат репрезентацијата. Според новото правило кое треба да се усвои, од 2020 година, помеѓу 18 играчи кои конкурираат за натпреварот, седум мораат да бидат од англиската фудбалска школа.