Фудбал
Се чини дека се е готово: Барселона реши, нема да прават проблеми во Катар
Легендарниот шпански фудбалер Чави Ернандез ќе биде нов тренер на Барселона, доколку не се случи нешто непредвидено во наредните денови.
По поразот од Ваљекано, челниците на Барселона синоќа му се заблагодарија на Роналдо Куман за соработката и веднаш тргнаа во потрага по неговиот наследник.
Одлуката падна на некогашниот феноменален играч за врска и жива легенда на Барселона, Чави, но се покажа дека проблемот е што тој има валиден договор со катарскиот Ал Сад до 2023 година, без клаузула дека клубот може да си замине доколку понудата на Барселона пристигнува.
Сепак, како што пишуваат шпанските медиуми, Чави денеска одржал состанок со клупските челници, што било позитивно за него, по што е јасно дека катарскиот клуб нема да прави потешкотии во неговото заминување.
Сепак, сопствениците на клубот му поставија еден услов на Чави, а тоа е да седне на клупата на следните два натпревари, в сабота и среда за кога е закажано првенственото дерби против Ал Духаил.
Ваквиот услов е спротивен на плановите на Барселона бидејќи челниците на овој клуб сакале Чави да ја предводи Барселона во дуелот од Лигата на шампионите со Динамо Киев во вторник.
Исто така, клубот од Катар нема да бара обештетување од Барселона, но сепак ќе бара од шпанскиот клуб да се обврзе да одигра пријателски натпревар со Ал Сад во блиска иднина во Доха.
Шпанските новинари го контактирале Чави и побарале негов коментар, но легендарниот фудбалер на Барселона не сакал да открие ништо.
„Фокусиран сум на Ал Сад. Вечерва нема да зборуваме за Барселона“, изјави Чави.
Да потсетиме, Барселона на десет првенствени натпревари освои 15 бода и се наоѓа на 9-то место на табелата.