Connect with us

Фудбал

„Се чувствува како 16 години да сум бил во миксер, морам да ги наполнам батериите“

Масимилиано Алегри во наредната сезона нема да биде на клупата на Јувентус. Но, Алегри во наредната сезона нема да седне ниту на друга клупа, доколку судиме по неговите изјави.

Италијанскиот стратег порача дека ќе земе годишен одмор за да ги наполне батериите.

„Ќе земам годишен одмор за да ги наполнам батериите и да го вратам својот приватен живот во ред, за повторно да ја откријам блискоста со својата фамилија, децата и пријателите“, рече Алеги.

„Се чувствува како минатите 16 години да сум бил во миксер. Морате да земете одмор за да поминете време со фамилијата и пријателите“, истакна Алегри, па додаде:

„Оваа година ќе ја искористам да ги наполнам батериите за наредната сезона“.

Инаку, Алегри со Јувентус освои пет Скудета во низа, три Куп Италија и два пати дојде до финалето во Лигата на шампионите. Сепак, трофејот од Лигата на шампионите остана само неостварен сон.

Откако стана јасно дека повеќе нема да биде тренер на Јувентус, Алегри се поврзуваше со Челзи, Милан, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем, но неговиот нареден ангажман очигледно ќе почека.