Фудбал
Се е готово: Упамекано оди во Баерн, Лајпциг наоѓа замена
Бараниот дефанзивец Дајот Упамекано од лето ќе биде играч на Баерн.
Баерн ќе ја активира откупната клаузула од 42 милиони евра и со тоа ќе донесе одличен стопер, но во Лајпциг не се грижат, тие веќе најдоа замена.
Наместо Упамекан, од летово во своја одбрана Лајпциг ќе го има Мохамед Симакан, кој ќе пристигне од француски Стразбург, за нешто повеќе од 15 милиони евра.
Симакан беше близу до трансфер во Милан на почетокот на овој месец, некои други германски екипи го посакуваа, но Скај тврди дека на крајот Лајпциг „затворил“ сè.
Кога ќе се согледаат сите работи, се чини дека ова ќе биде работа што ќе ги задоволи двата клуба, но и самите играчи. Секој од нив прави чекор понатаму во кариерата …
Sky sources: RB Leipzig and Strasbourg have an agreement in place for a transfer of Mohamed Simakan in the summer. Fee will be above 15m€. Simakan is the replacement of Dayot Upamecano. If all goes well Simakan will sign his contract next week #DeadlineDay #TransferUpdate pic.twitter.com/sVIOOz8aOo
— Max Bielefeld (@Sky_MaxB) February 1, 2021