Фудбал
Се исправа ли неправдата кон Левандовски? „Ќе размислиме“
Лионел Меси во понеделникот беше прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2021 година.
Меси на изборите го победи напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски, а многумина тврдат дека е направена голема неправда кон полскиот фудбалер.
Лева минатата година остана без награда. Доделувањето на Златната топка беше откажано поради пандемијата, а оваа сезона гласовите одеа во корист на Меси.
Аргентинецот му порача на Левандовски дека се надева оти Франс Фудбал ќе му ја врачи наградата за 2020 година и дека ја заслужува.
„Сите знаат и сите се согласуваме дека требаше да бидеш победник минатата година. Се надевам дека Франс Фудбал ќе ти ја додели Златната топка за 2020 година. Сите веруваме дека ја заслужуваш и ќе ја имаш дома“, рече Меси.
Првиот човек на Франс Фудбал, Паскал Фере даде свое мислење за Златната топка. Тој тврди дека на овогодинешните избори се било демократско и зборуваше за потенцијалното доделување на наградата на Левандовски за минатата година.
„Системот на гласање за Златната топка е демократски. За Меси гласаа 170 луѓе. Јас би го избрал Левандовски, но и Меси заслужува награда“, изјави Фере и додаде.
„Тоа што го кажа Меси е многу убаво, но не треба да донесуваме одлуки премногу брзо. Сепак, треба и ќе размислиме за тоа“, рече Фере, но додаде:
„Не можеме да бидеме сигурни дали Левандовски би ја освоил Златната топка минатата година. Немаше гласање, но искрено, тој сигурно ќе имаше добри шанси“, рече Фере.
Досегашнот дел од сезонава не навестува кој би можел да ја освои наградата за 2022 година, а ако Меси продолжи со бледите игри, речиси сигурно нема да ја брани титулата.