Фудбал
Се може и без Роналдо: Јувентус го победи СПАЛ и закажа судир против Интер
Вечерва играчите на Јувентус лесно го совладаа СПАЛ со 3:0 и се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија.
Јувентус вечерва беше без Кристијано Роналдо, кого Андреа Пирло реши да се одмори, што беше вистински потег бидејќи Старата дама без проблеми стигна до победата и се пласираше понатаму.
Домашниот тим поведе во 16-та минута кога судијата досуди пенал, а Алваро Мората беше сигурен од белата точка, погоди за 1:0.
Јувентус ја удвои предноста во 33. минута. По одличните потези на Кулушевски, топката дојде до Фработа, кој погоди одлично за 2:0.
Старата дама играше рутински во продолжението од мечот и беше јасно дека СПАЛ не може сериозно да ги сврти работите. Се беше јасно во 78-та минута кога Кулушевски ги постави конечните 3:0 на асистенција на Кјезе.
Јувентус на тој начин се пласираше во полуфиналето, каде ќе се соочи со Интер, кој синоќа беше подобар од градскиот ривал Милан со 2:1.