Connect with us

Други спортови

Се надевам дека останатите тенисери не размислуваат како мене

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер на останатите играчи им препорача да не размислуваат како него кога се работи за прескокнување на одредени турнири. Федерер во изминатите две сезони одлучи да ја пропушти целата сезона на земјена подлога и порача дека останатите играчи не би требало да донесуваат такви одлуки во 36. година од животот, туку тоа да го направат кога ќе имаат 25 години.

-Се надевам дека останатите играчи нема да размислуваат како мене и дури на 36 години да се одречат од некои турнири. Би бил среќен кога тоа би  го направиле на 25 години. Мојата филозофија е да играм само кога ќе се чувствувам подготвен. Нема да се пријавам на турнир само за да видам во каква форма сум. Само сакам навивачите да го видат најдобриот Роже, изјави третитот тенисер во светот.

Тој  истот така го спореди денешниот тенис со оној пред 20 – години кога ја почнуваше својата кариера.

-Играта се повеќе се заснова на физичка сила. Во минатото се удираше многу силно, но играчите се движеа побавно. Се одеше споро, средно, споро, средно, брзо. Сега е средно, брзо, брзо, брзо и затоа не е воопшто лесно. Сега сите добро се чувствуваат и играта од основната линијае е поинаква, заврши Федерер.