Други спортови
„Се надевам дека повторно ќе ги видиме Серена и Роџер на Вимблдон“
Коронавирусот го откажа и Вимблдон.
За прв пат по Втората светска војна, нема да го гледаме неофицијалното светско првенство во тенис.
Навивачите, организаторите и играчите се разочарани и не ни останува ништо друго освен да чекаме следната година.
Се разбира, кога слушнавме за информациите за откажување на Вимблдон, веднаш го поставивме прашањето: Дали некогаш повторно ќе ги видиме Серена Вилијамс и Роџер Федерер на Вимболдон?
Генералниот директор на турнирот Ричард Луис се надева дека…
„Ние би сакале да ги видиме повторно. Ова е нешто што не можеме да го чекаме. Се надеваме дека следната година турнирот ќе биде уште повозбудлив“, рече тој.
Роџер и Серена имаат 38 години, а позитивна работа во целата приказна е објавата на Роџер на Инстаграм веднаш по веста за откажување.
„Се гледаме во летото 2021 година“, напиша Федерер на стори. Серена, од друга страна, не изјави ништо, но јасно е дека ќе игра тенис уште некое време.
Патем, Федерер досега има освоено осум титули на Вимблдон, додека Серена го освои пехарот шест пати.