Фудбал
Се најде фудбалер кој ги одбил милионите на Манчестер Сити
Италијанските медиуми објавија дека напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку одбил богата понуда од Манчестер Сити да се пресели кај Пеп Гвардиола. Наводно тој рекол дека во моментов не размислува за заминување од Интер бидејќи е презадоволен од тоа како му се развива кариерата и од соработката со тренерот Антонио Конте. Лукаку има 27 години и многу фудбалери на негови години веќе размислуваат на богати понуди, но сепак Белгиецот ги одбил милионите.
Лукаку успеа да се врати во топ форма по трансферот од Манчестер Јунајтед во Интер, досега на 84 натпревари во сите конкуранции постигна 58 голови.