Connect with us

Фудбал

Се огласи и Парма по обвиненијата за местење на последниот натпревар

Во Парма утрово останаа шокирани откако фудбалската федерација на Италија започна истрага за натпреварот на овој клуб во последното коло од Серија Б поради сомнение дека е наместен.

Парма успеа да се избори за враќање во Серија А со победата против Специја од 2:0, но овој натпревар повторно дојде во центарот на вниманието поради сомнение дека бил наместен. Фудбалската федерација на Италија потврди дека има неколку сомнителни детали од овој натпревар и дека Парма ќе остане без влез во првата лига доколку се докаже дека натпреварот беше наместен.

Сепак, од Прама се огласија и порачаа дека се сигурни дека истрагата ќе покаже дека се било чисто. Од клубот порачаа и дека им смета тоа што никој не покажува доволно почитување спрема нив и за фактот дека за три години успеаја да се вратат во друштвото на најдобрите дури од Серија Д.

„Начинот на кој се прави сето ова не боли, бидејќи покажува никакво почитување. Ние не сакаме да им сметаме на оние кои ја вршат истрагата, но моравме да се огласиме. Веруваме дека на крајот ќе се покаже дека се било чисто, затоа што тоа е единствената вистина. Тоа е само вообичаена постапка поради таквите резултати во последното коло и ние тоа го почитуваме. Целта ни е само во медиумите да не се пренесуваат погрешни информации“, порачаа од Парма.