Ракомет
Се огласи Македа: Вардар стана европски првак без да плати
Беше во Вардар заедно со сонародниците Кањелас и тренерот Раул Гонзалес. Во 2017-та година стигнаа до европскиот трон. Првата година било се супер, но потоа веќе се било поинаку. Хорхе Македа, за „Мундо Депортиво“ вели дека клубот се уште им должи многу пари на ракометарите.
Како што вели тој, Вардар станал европски првак без да плати, а најмногу поради што е бесен дека никој не презема ништо. Ова пред се се однесува на ЕХФ бидејќи иако клубот должи многу пари на играчите тие не реагираат.

-Она што најмногу ме вознемирува е тоа што не се плашат и дека ЕХФ не интервенира како што прават федерациите на другите спортови. Оваа пасивност на ЕХФ малку ме налути. Вардар е европски првак, иако не плаќа. Тоа е нашиот револт, ова ги боли играчите. Официјално, не поднесовме жалба до ЕХФ затоа што се надеваме дека ќе ги добиеме парите. Им ја дадовме целата наша доверба, изјави Македа за „Мундо Депортиво“.
Вардар веќе подолго време е во финансиска криза. Особено проблемите станаа големи откако стана јасно дека Сергеј Самсоненко нема повеќе да го финансира клубот.
Македа за Вардар играше од 2015 до 2017-та година.