Connect with us

Фудбал

Се огласи Мохамед Салах, за само неколку часа видеото има 100 милиони прегледи, Израел и Палестина ниту еднаш не ги спомна (ВИДЕО)

Најпознатиот арапски фудбалер Мохамед Салах проговори за вооружениот конфликт меѓу Израел и Палестина, а неговата објава за само неколку часа доби повеќе од 100 милиони прегледи на Твитер. Во својата видео порака, Салах ги повика светските лидери „да се здружат за да го спречат понатамошното колење на сите невини души“, барајќи истовремено итно да се достави хуманитарна помош до луѓето од Појасот Газа.

„Не е секогаш лесно да се зборува во вакви времиња, имаше премногу насилство, премногу бруталност… Сите животи се свети и мора да се заштитат. Масакрите мора да престанат, семејствата се уништуваат. Она што е јасно е дека истата секунда мора да се дозволи испорака на хуманитарна помош во Газа. Тие луѓе живеат таму во ужасни услови“, рече Салах.

Како и повеќето големи ѕвезди, Салах, исто така, избегнуваше „јавно да избере страна“ поради страв од одмаздници, што веќе доведе до тоа да биде критикуван од навивачите дека молчи, но видовме и што се случува кога некој ќе проговори.

Фудбалерите во Германија беа суспендирани поради поддршка на Палестина, додека Карим Бензема беше „нападнат“ од францускиот министер.