Connect with us

Други спортови

Се огласи Новак Ѓоковиќ откако беше погоден со шише во главата, се појави и фотографија од несреќниот човек (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на турнирот во Рим ненамерно бил удрен со шише во главата, поради што добил лекарска помош, а по се и самиот се огласил. Тој рече дека е добро и дека ќе биде подготвен за натпреварот во недела.


“Благодарам за пораките. Ова беше случајност и моментално одмарам во хотел со мраз на главата. Се гледаме во недела”, напиша Ѓоковиќ на Твитер.

Како што може да се види на видеото кое се појави, шишето испаднало од торбата на навивач  кој се наведнал над трибините во обид да добие автограм од најдобриот тенисер на светот.