Connect with us

Фудбал

Се огласи судијата кој не призна чист гол на Кристијано Роналдо на мечот со Србија: Се извинив, тоа е се што можам

Реакциите за мечот Србија-Португалија (2:2) не стивнуваат. Причината е тоа што судиите не видоа чист гол на Кристијано Роналдо. Иако топката со целиот обем ја помина гол-линијата пред интервенцијата на Митровиќ, сепак судиите не покажаа на центарот.

За португалска „А Бола“  главниот судија на мечот, Холанѓанецот Дани Макели изјавил дека му се извинил на селекторот на Португалија Фернандо Сантош.

-Според прописите на ФИФА, се што можам да кажам е дека му се извинив на селекторот Фернандо Сантош и репрезентацијата на Португалија за сето она што се случи. Како судиски тим, секогаш даваме се од себе да носиме исправни одлуки. Кога сме во вестите на ваков начин, не сме среќи поради тоа“, изјави Макели за португалска „А Бола“.