Connect with us

Фудбал

Се остваруваат соништата на навивачите: Се знае кој ќе биде новиот тренер на Ливерпул?!

Откако двајца клучни луѓе од спортскиот сегмент си заминаа од Ливерпул, се чини дека на „Енфилд“ најдоа замени и за двајцата и се треба да се заврши во следните неколку месеци. Тренерот Јирген Клоп и спортскиот директор Јорг Шмадке го напуштаат тимот на Ливерпул. Тоа е двојна загуба за Ливерпул, кој допрва треба да се навикне на животот по германскиот стручњак кој девет години беше на клупата и ќе биде таму само до крајот на сезоната.

Фановите уште од првиот ден го посакуваат Чаби Алонсо за негов наследник, а денешната ударна вест од Англија им е „музика за уши“, бидејќи оди во таа насока. Имено, клубот најде спортски директор. Новиот спортски директор на Ливерпул треба да пристигне од Вест Хем, а тоа е Тим Стаидтен.

Каква врска има ова со Чаби Алонсо? Едноставно е, Тим Стајден работеше во Баер Леверкузен заедно со Чаби Алонсо и заедно создадоа фантастичен тим кој моментално е на првото место во Бундеслигата и со Баерн се бори за сензационална шампионска титула.

Стаидтен е одличен пријател со Алонсо и би имал задача да го доведе во Ливерпул. Исто така, сегашниот спортски директор на Вест Хем е одговорен за голем број одлични трансфери на Баер, вклучувајќи го и доведувањето на Флоријан Виртц. За каков трансфер „мајстор“ станува збор доволно говори и податокот дека во ерата во Вердер ги доведе младиот Кевин де Бруин во 2012 година и Серж Гнабри во 2016 година.