Connect with us

Фудбал

Се подготвува голема трампа помеѓу Интер и Рома?!

Според голем број на италијански медиуми синоќа се одржал состанок на претставници на Интер и Рома кои наводно се обидуваат да договорат размена на напаѓачи. Како што тврдат во Италија, во Милано би требало да пристигне Един Џеко, кој е отстранет од тимот поради кавга со тренерот на Рома, Фондеска, додека во спротивна насока би требало да замине Алексис Санчез.

Италијанските медиуми пишуваат дека Рома наводно побарала и доплата од три милиони евра, но сепак Интер не сакал да даде „кеш“, па во зделката планира да го вклучи и 21-годишниот Пинамонти.