Connect with us

Кошарка

Се подготвува спектакуларна размена со Џејмс Харден во главната улога

Еден од најдобрите кошаркари во НБА, Џејмс Харден е на излезната врата од Хјустон Рокетс.

Според Њујорк Тајмс, Харден во моментот е најблиску до преселба во Филаделфија.

„Ракетите“ не се задоволни што мораат да ја разменуваат својата „брада“ и се обидуваат на секој начин да ја задржат, но Харден е заситен од Хјустон и сака новата сезона која стартува за десет дена да ја пречека во друг град.

Можно е „ракетите“ да го добијат Бен Симонс, еден од најперспективните играчи во лигата, во најавената размена.

Како и да е, во Филаделфија веќе го замислуваат тандемот Џоел Ембид – Џејмс Харден и навистина изгледа и звучи жестоко …