Фудбал
Се појави чекот за најголемиот трансфер во историјата, ПСЖ не ги уплатил парите на Барселона, туку некој друг (ФОТО)
Најголемиот трансфер во историјата на фудбалот се случи во 2017 година кога Нејмар од Барселона се пресели во ПСЖ. Иако со години јавноста мислеше дека ПСЖ за трансферот искеширал 222 милиони евра, се појавија докази во вид на банкарски чек кој докажува дека тоа не се случило.
El cheque que cambió la historia del fútbol 🤑🤑🤑
💰 222M de euros del PSG para pagar al Barça la cláusula de rescisión del contrato de Neymar @JuanmaDiaz65 y Albert Masnou desgranan todos los detalles⤵️⤵️https://t.co/nPCPELfUCI pic.twitter.com/wU4HAzQgb4
— Diario SPORT (@sport) December 18, 2024
Вообичаениот процес при трансферот на фудбалерите е клубот кој го купува играчот да префрла пари од својата банкарска сметка на сметката на другиот клуб, но тоа не беше случај со трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ.
Имено, на 1 август 2017 година на сметката на Барселона пристигнала сума од 222 милиони евра која била еднаква на откупната клаузула од неговиот договор. На фотографијата која се појави на интернет се гледа дека чекот на Барселона не го платил Пари Сен Жермен, туку Катарската национална банка. Катарците тие пари ги платија на име на Нејмар за тој да биде амбасадор на Светското првенство во 2022 година во нивната земја, а тоа секако не е случајно со оглед на тоа што ПСЖ е во сопственост на нивниот државен фонд Катар Спортс Инвестментс.