Фудбал
Се појави клуб кој сака од Истанбул да го преземе финалето во ЛШ, стадион далеку од адекватен!
Финалето во Лигата на шампионите е закажано за 29 мај, а ќе се натпреваруваат англиските клубови Манчестер Сити и Челзи.
УЕФА донесе одлука натпреварот да се игра пред публиката, а наводно навивачите на Челзи и Манчестер Сити ќе добијат по 4.000 билети, а местото на одржување треба да биде стадионот „Ататурк“ во Истанбул.
Турските власти сега чекаат потврда, имајќи предвид дека забраната за движење до 17 мај е на сила во Турција поради лошата слика поврзана со пандемијата на коронавирусот, па постои можност стадионот да се смени за финалето.
Астон Вила денеска испрати и официјална понуда до УЕФА да биде домаќин на Вила Парк со цел да се избегне потребата од 8.000 навивачи од Англија да патуваат во Турција.
Со оглед на тоа што и двата тима се од иста земја, расте политичкиот притисок да се пресели финалето во Англија и сето тоа ќе зависи од тоа дали британските власти ќе ја стават Турција на списокот на земји каде е дозволено патување.
Вила Парк не ги исполнува стандардите на УЕФА за ваков важен настан. Новинарската ложа е несоодветна, како и другите потреби за новинарите, и нема доволно позиции за камерите, па ќе мора да се инвестира. Патем, капацитетот на овој стадион е 43.000 места, што е занемарливо во овој случај.
Евентуалното преместување на финалето повлекува огромни трошоци бидејќи сите ТВ оператори, новинари, вработени во УЕФА и други ангажирани ќе мора да ги сменат плановите и ќе бидат принудени да останат во карантин.
За потсетување, Манчестер Сити стигна до Истанбул по елиминацијата на ПСЖ во полуфиналето со вкупен резултат 4:1, додека Челзи го елиминираше Реал Мадрид со вкупни 3: 1.
Ова ќе биде второ Англиско финале во последните три сезони, бидејќи во 2019 година последниот дуел го одиграа Ливерпул и Тотенхем, а на крајот славеше Ливерпул.