Фудбал
Се помалку се шансите Донарума да остане во Милано
Преговорите за нов договор меѓу Милан и Џанлуиџи Донарума не одат во вистинската насока.
Агентот на одличниот голман Мино Раиола постави барања пред управата на Росонерите и бара договор од 10 милиони евра по сезона за неговиот клиент.
Милан од друга страна нуди помалку пари. Клубот е подготвен да ја зголеми платата на Донарума од шест на осум милиони евра за петгодишен договор. Вклучени се бонуси и Раиола не сака да го прифати тоа.
Контроверзниот агент постави бројка од 10 милиони евра, барајќи и пократок договор и голема бројка за себе како посредник.
Милан нема намера да плаќа толку многу пари во време на криза. Се помали се надежите дека Донарума ќе остане на „Сан Сиро“ и нема да биде ни чудо ако го гледаме на друго место од следната сезона.
Како 16-годишник, Донарума застана на голот на Милан во 2015 година и беше првиот избор на голот на Росоњери.
22-годишниот играч одигра вкупно 241 натпревар за клубот.