Фудбал
Се посилен алармот во Барселона: Лапорта има фаворит за нов тренер, ќе ја започне првата рунда разговори
Убедливиот пораз на Барселона од Бенфика со 3:0 во второто коло од Лигата на шампионите ги вклучи сите аларми во каталонскиот гигант.
Одамна се пишуваше за заминувањето на Роналд Куман, иако играчите веруваат дека тренерот не е главниот виновник за моменталната ситуација во Барселона, каде што има голема криза.
Претседателот Жоан Лаопрта очигледно ќе ги земе конците во свои раце и ќе почне да прави промени.
Според шпанскиот „Мундодепортиво“, Лапорта не ја крие желбата да го види Андреа Пирло на клупата на Барселона, а таа шпекулација претходно беше објавена во некои шпански медиуми. Се чини дека сега доби посилна димензија по дебаклот на Барса во Лисабон.
Како опција за нов тренер се споменуваше и Роберто Мартинез, но Лапорта ќе ја има првата рунда разговори со Пирло, бидејќи прашање на време е кога Куман ќе го напушти кормилото на разнишаниот тим од Каталонија.
„Најлесно е да го избркате тренерот од клубот. Сите ние сме одговорни. Се наоѓаме во критична ситуација“, изјави капитенот Бускетс, но тешко е да се поверува дека холандскиот стручњак може да купи поголема самодоверба од лидерот на Барселона.
Можеби Куман би добил серија добри резултати, но со моменталната игра, Барселона е далеку од тоа.
Барселона е последна во својата група од Лигата на шампионите, по две кола е без бодови и со гол разлика 0:6, а во следните две кола игра со Киев Динамо каде треба да бара два триумфа доколку сакаат да останат во комбинациите за нокаут фазата во Лигата на шампионите.