Фудбал
„Се сеќавам кога дојде Чигрински, му пријдов, му дадов совет и никогаш повеќе не разговаравме“.
Пеп Гвардиола, како тренер на Барселона, имаше неколку големи погрешни чекори во донесувањето на фудбалери, а Дмитро Чигрински сигурно е на врвот.
Барселона го донесе украинскиот дефанзивец летото 2009 година од Шахтјор за 25 милиони евра и тој беше лична желба на Гвардиола. Сепак, украинецот не се вклопи во тогашниот тим на Барса и по само една година се врати во Шахтјор за 15 милиони евра.
Чигрински е секако еден од најголемите промаши на Барселона, но и Пепа Гвардиола. Запаметен е и за Џерард Пике, кој веќе беше стандарден во првиот тим на Барселона во тоа време, и беше во стоперскиот пар со легендарниот Карлес Пујол.
Пике откри дека му пријде на Чигрински на првата тренинг сесија и се обиде да му објасни што да прави за да може што побрзо да се вклопи во играта на каталонскиот клуб, но по тој разговор тој никогаш повеќе не разговарал со него.
„На една од првите тренинзи од кога дојде, се обидов да му дадам неколку совети за одбраната, како ќе ги чува играчите. Секако, тој не зборуваше шпански, па разговорот беше делумно на англиски и делумно во форма на некои сигнали. Му објаснував 15 минути , и кога завршив, тој се сврте и си замина. Се прашував дали разбрал нешто, но никогаш повеќе не разговаравме “, рече Пике.