Connect with us

Фудбал

Се сеќавате на Лукас Подолски? Уште игра и постигнува фантастични голови, како овој, сите се фатија за глава (ВИДЕО)

Лукас Подолски игра како во своите најдобри денови во полскиот тим Горник од Забрзе.

Тој на последните четири натпревари постигна дури пет гола, од кои најдобриот го постигна викендов.

Германецот шутираше од својата половина и ја погоди мрежата, а сите се фатија за глава, воодушевени од погодокот.
Подолски има 37 години, а дресот на Горник го носи од минатата година. Претходно играше за Анталијаспор, Висел Кобе, Галатасарај, Интер, Арсенал, Келн и Баерн Минхен.